253
ЦР7 по последниот
свиреж во Киев најави заминување од Реал Мадрид и ги изненади сите со својата
изјава. Португалецот потоа на прославата на титулата од Лигата на шампионите на
фановите им порача „Ќе се видиме и следната година“, па останува да се види
каква ќе биде неговата иднина.

Денеска самиот
Реал Мадрид отвори простор за нови шпекулации откако беа претставени дресовите за
новата сезона. Кристијано Роналдо го нема никаде.

Првата ѕвезда на тимот не се
појави ниту на промотивното видео, ниту на промотивните фотогалерии ниту пак во
он-лајн продавницата, каде го има само дресот со неговата бројка и презиме, но
не и негова слика со новиот дрес.