Од Италија стигнува нова интересна информација поврзана со Џанлуиџи Донарума. Според фудбалскиот експерт Танкреди Палмери, Реал Мадрид му понудил шест милиони евра годишно на младиот голман.
Тоа би значело дека Флорентино Перез ќе го погази зборот и Реал Мадрид ќе има нов голман во следната сезона кој би бил долгорочно решение за кралскиот клуб.
Ваквите информации ќе го израдуваат и Манчестер јунајтед кој ќе биде мирен во наредните години бидејќи Реал Мадрид нема повеќе да се обидува да го ангажира Давид де Геа.
Донарума одби понуда од Милан од околу 4,5 милиони евра годишно. По денешните преговори со неговиот агент Мино Рајола, клубот и официјално соопшти дека нема да ја продолжи соработката со италијанскиот голман.
Милан ќе почне да разгледува нови опции за голманската позиција.