„Кралевите“ летоска сакаат да донесат засилување на средниот ред, подготвени се да инвестираат и до 100 милиони евра, но оваа сума ќе биде платена само за ангажман на Витиња од ПСЖ.
Нов фудбалер од средниот ред подолго време е на агендата на Реал Мадрид, Чаби Алонсо минатото лето го бараше Мартин Зубименди, но Флорентино Перез одби да му ја исполни желбата.
Но се очекува летоска да пристигне засилување од ваков профил и на списокот има голем број имиња – Витиња од ПСЖ, Родри од Манчестер Сити, Енцо Фернандез од Челси, Кис Смит од АЗ Алкмар, Адам Вортон од Кристал Палас, Сандро Тонали од Њукасл и Алексис Мекалистер од Ливерпул.
Идејата е да не биде потрошена голема сума на пари, но Флорентино Перез е подготвен да одвои и до 100 милиони евра.
Сепак, првиот човек на „кралевите“ е подготвен да плати 100 милиони евра само за ангажман на едно име – Витиња од ПСЖ.