527
Реал Мадрид соопшти дека испраќа помош од милион евра за да помогне за жрвите во големите поплави во Валенсија поради кои се одложи и нивниот натпревар кој требаше да се игра во сабота.
„Фондацијата на Реал Мадрид и Црвениот крст почнаа кампања за собирање на средства за поддршка на настраданите од поплавите. Реал Мадрид одлучи да се приклучи во поддршката на оваа кампања со донација од еден милион евра за да помогне на повеќе фамилии кои се најдоа во критична ситуација и на кои им треба нашата помош и солидарност“, стои во соопштението на Реал Мадрид.