164
Вечерва во миланската „Скала“ ќе се доделуваат наградите на ФИФА за најдобрите.
Веќе е познат најдобриот тим според ФИФА, во него има четворица фудбалери од Реал Мадрид, по двајца од Барселона, Ливерпул и Јувентус и еден од ПСЖ.
На голот е Алисон (Ливерпул), во одбраната се Рамос (Реал Мадрид), Де Лихт (Јувентус), Ван Дајк (Ливерпул) и Марсело (Реал Мадрид), средниот ред го сочинуваат Лука Модриќ (Реал Мадрид), Де Јонг (Барселона), Азар (Реал Мадрид), напаѓачкото трио е сочинувано од Мбапе (ПСЖ), Меси (Барселона) и Роналдо (Јувентус).
