Според информациите кои пристигнуваат, европскиот и
шпански првак Реал Мадрид начелно го договорил 17 годишниот фудбалер на
Палмеирас, Бразилецот Алан де Соуза Гимараеш.
Алан блеска на Светското првенство за фудбалери до 17
годишна возраст во Индија и веднаш ги примами повеќето гиганти привлекувајќи големо
внимание околу себе, предводејќи ја својата селекција до четвртфиналето (задутре игра против Германија).
Според пишувањата на „АС“, младиот Бразилец за Реал
Мадрид треба да потпише идната година откако ќе наполни 18 години.
Мадридски Реал на големо работи за иднината на клубот, а
претходно веќе го договори и 16 годишниот Винисиус Жуниор, кој на „Сантијаго
Бернабеу“ во 2019. година ќе пристигне од редовите на Фламенго.