Според пишувањата на Марка, Реал Мадрид нема намера да преговара со Ал Ахли за трансфер на Винисиус Жуниор, клубот од Саудиска Арабија ќе треба да ја плати откупната клаузула од 1 милијарда евра.
Можната преселба на Винисиус Жуниор во Саудиска Арабија и денеска е топ тема во трансфер шпекулациите.
По синоќешните стории дека Бразилецот одбил непристоен предлог вреден 1 милијарда евра за пет години, денеска се говори дека напаѓачот не ја затвори целосно вратата и чека да види како ќе изгледа формалната понуда.
Но како што пишува Марка, Реал Мадрид нема намера да ја продаде својата ѕвезда.
Се говори дека Ал Ахли е подготвен да плати рекордно обесштетување од над 300 милиони евра, но „кралевите“ не се расположени за преговори и ќе порачаат дека треба да се активира откупната клаузула која е вредна 1 милијарда евра.