Кралскиот клуб немаше проблеми да ја помине Сарагоса, одигра моќно, даде четири голови и оствари лесна победа.
Дека домаќините ги чека лоша вечер се виде уште на самиот почеток кога Рафаел Варан постигна гол за водство на Реал Мадрид од 1-0.
По половина час игра во мечот, Лукас го зголеми водството на 2-0 за Реал Мадрид, со тој резултат се отиде на полувремето.
Во 72. минута Жуниор Винисиус погоди за веќе убедливо водство од 3-0, а конечните 4-0 ги постави Бензема седум минути подоцна.
Валенсија дури по пеналите победи на гостувањето кај Леонеса.
Виљареал со 2-0 победи на гостувањето кај Рајо Ваљекано, Реал Сосиедад со 3-1 беше подобар од Осасуна, Гранада со 3-2 по продолженија дојде до триумф кај Бадајоз.