Реал Мадрид без седум играчи против Манчестер Сити… и со Мбапе под огромен прашалник

by bojan
1 минути читање

Чаби Алонсо со крпена одбрана ќе излезе на мегдан против Пеп Гвардиола, а може да биде и без најдобриот поединец оваа сезона – Килијан Мбапе.

По поразот од Селта почнаа да кружат гласини дека сериозно се тресе тренерското столче на Чаби Алонсо и стратегот може да добие отказ доколку „кралевите“ разочараат против Манчестер Сити во Лигата на шампиони.

И токму за овој клучен натпревар, Чаби Алонсо има многу мака да го состави тимот.

Тој ќе мора со крпена одбрана да изгледа на мегдан против Пеп Гвардиола со оглед на тоа дека на располагање има само четворица дефанзивци, од кои два леви бека – Ридигер, Асенсио, Карерас и Фран Гарсија.

Надвор од комбинација за пресметката против шампионот на Англија се Милитао, Карвахал, Александер Арнолд, Алаба, Менди, Хујсен и Камавинга.

За проблемите да бидат подраматични, и најдобриот поединец оваа сезона, Килијан Мбапе е под огромен прашалник.

Тој против Селта заработи фрактура на прст на левата рака, но поголем проблем е повредата на задната ложа на левата нога.

„Неговиот настап е неизвесен, а и доколку истрча на теренот, ќе биде прилично лимитиран“ – вели извор од „Бернабеу“.

Французинот не го одработи во целост последниот тренинг, и конечната одлука ќе биде донесена непосредно пред натпреварот со Манчестер Сити, многу ќе зависи од тоа како ќе се чувствува самиот Килијан Мбапе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×