Вечерва Реал Мадрид гостува кај Депортиво Ла Коруња во натпревар од Примера. По поразот од Барселона, кралскиот клуб веќе нема право на кикс.
Зидан за овој натпревар одбра 19 фудбалери, а меѓу нив нема неколку ѕвезди.
Во составот не е Критијано Роналдо, ќе недостасува Герет Бејл поради повреда, а ќе го нема и Серхио Рамос кој доби црвен картон на мечот со Барселона.
И покрај тоа Реал Мадрид мора да атакува на победа, а се претпоставува дека Карим Бензема и Алваро Мората заедно во стартниот тим ќе го почнат натпреварот.
Натпреварот помеѓу Депортиво и Реал Мадрид се игра вечерва со почеток од 21:30, два часа претходно Барселона ја пречекува Осасуна и со победа ќе направи дополнителен притисок врз кралскиот клуб.