1,5K
Реал Мадрид со убедливи 3-0 ја победи Пачука во финалето од Интерконтиненталниот Куп на ФИФА и ја збогати витрината со нов трофеј.
Мбапе кој се опорави од повредата беше стартер на овој меч и токму тој донесе водство. Во 37. минута по асистенција од Винисиус, Французинот постигна лесен гол за водство на Реал Мадрид од 1-0.
По седум минути игра во вториот дел Мбапе му додаде на Родриго, а тој постигна убав гол за предност на кралскиот клуб од 2-0.
DIOS DE MI VIDA QUE GOLAZO DE RODRYGO GOES 😍😍😍 pic.twitter.com/URWuAvTYl0
— REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) December 18, 2024
На шест минути пред крајот беше досуден пенал за Реал Мадрид кој го реализираше Винисиус за конечна победа од 3-0.