Кралскиот клуб почна фантастично, Асенсио со маестрален погодок уште во четвртата минута донесе водство за Реал Мадрид од 1-0.
Реал Мадрид доминираше, а Барселона изгледаше како да ја загубила моќта од минатите сезони.
На пет минути до крајот на првиот дел, по асистенција од Марсело, Бензема одлично си ја смири топката и постигна гол за 2-0.
И двата тима имаа по неколку шанси за постигнување на гол, Реал Мадрид ја погоди стативата, а пречката беше сојузник на Барселона.
На крајот Реал Мадрид сосема заслужено се радуваше на триумфот, беше подобар и во двата натпревари и покажа дека пред нив е уште една голема сезона.
Барселона очигледно веќе не е онаа од која стравуваа другите, Каталонците ќе мора значително да ја подобрат својата игра ако сакаат да бидат конкурентни за трофејот во Примера.