Реал киксираше, Гвардиола го замолкна „Сантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)

by
0 минути читање

По импресивната партија на отварањето од новата сезона и триумфот на незгодното гостување кај Селта, Реал Мадрид вечерва киксираше.

Пред своите фанови, „кралевите“ одиграа само 1-1 против аутсајдерот Ваљадолид.

Избраниците на Зидан долго време се мачеа да ја затресат мрежата на противникот и конечно успеаја во 82. минута од мечот. Бензема прими една топка на врвот од шеснаесетникот и мајсторски биеше за 1-0.

И кога сите мислеа дека ова ќе биде доволно за нови три бода, Серхио Гвардиола го замолкна „Сантијаго Бернабеу“. Напаѓачот на Ваљадолид во 88. минута го совлада Куртоа за голем бод на гостите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×