Капитенот на Реал Мадрид, Федерико Валверде, ќе мора да пропушти два натпревари поради исклучување на дербито со Атлетико Мадрид.
Валверде доби директен црвен картон поради шутирање на Алекс Баена, а судијата Муњера Монтеро во извештајот оценил дека Ургуваецот го направил тоа намерно, па според правилата треба да добие суспензија од два натпревари.
Ла Лига ја потврди оваа одлука, која сè уште не е официјална, бидејќи Реал Мадрид подготвува жалба.
Сепак, се верува дека одлуката ќе остане во сила, што значи дека Валверде ќе ги пропушти два на хартија „полесни“ натпревари, против Мајорка како на гости и дома со Жирона.
Од друга страна, суспензијата не е толку лоша вест, бидејќи Валверде ќе има можност да се одмори пред двата меча против Баерн Минхен, кои се закажани за 7 и 15 април.