Реал ќе му даде поддршка на Алонсо да се справи со големото его во тимот кое станува проблем!

by riste
1 минути читање

Ретко кога функционира тим со повеќе големи ѕвезди во него, историјата покажала дека кога ќе се соберат многу играчи кои го ставаат своето его пред тимот, се случува дебакл.

Во моментов таква е ситуацијата со Реал Мадрид, тоа се виде во минатата сезона, особено на дуелите против Барселона, а дека работите не се промениле покажа и вчерашниот меч против ПСЖ на кој кралскиот клуб доживеа дебакл.

„Марка“ пишува дека е вклучен алармот во Реал Мадрид, раководството на клубот е свесно дека во тимот има преголемо его и тоа прави проблем.

Според овој медиум, од Реал Мадрид го информирале Алонсо дека ќе му дадат поддршка да се справи со егото во клубот без разлика какви ќе бидат неговите одлуки.

Тие сметаат дека тоа е многу сериозен проблем и ќе му остават на тренерот да одлучи како што тој мисли дека е најдобро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×