Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Реал Мадрид сака да ги замени Давид Алаба и Антонио Ридигер со Дајот Упамекано од Баерн Минхен и Ибрахима Конате од Ливерпул, двајцата можат да пристигнат за беспари.
Флорентино Перез има пеколен план, првиот човек на Реал Мадрид сака да ги замени Давид Алаба и Антонио Ридигер без да плати евро.
„Кралевите“ ги пикирале Дајот Упамекано од Баерн Минхен и Ибрахима Конате од Ливерпул.
Двајцата ги одработуваат последните месеци од договорите и по крајот на сезоната можат беспари да се преселат на „Бернабеу“.
Но задачата воопшто не е лесна, и Баерн Минхен и Ливерпул немаат намера да се откажат од дефанзивците и активно ги убедуваат да ја продолжат верноста.
ФОТО: X/Real Madrid C.F.