270
Алваро Арбелоа потпиша договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната, но може да остане и подолго доколку ги исполни целите зададени од раководството на клубот.
Реал Мадрид му кажал на Алваро Арбелоа дека ако донесе трофеи и има добра конекција со фудбалерите, ќе остане тренер на тимот и наредната сезона.
Во спротивно, доколку не го исполни тоа, Реал Мадрид ќе донесе нов тренер на лето.
Арбелоа денеска ќе го има своето деби на клупата на Реал кој од 21 часот му гостува на Албасете во меч од Купот на Шпанија.