Реал ја доби првата битка со Атлетико во мадридското дерби од ЛШ (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид со 2-1 го победи Атлетико Мадрид во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите.

Кралскиот клуб ќе однесе предност од еден гол на гостувањето на Ванда Метрополитано.

Реал имаше фантастичен старт на мечот, Родриго уште во четвртата минута постигна гол за водство од 1-0.

Во 32. минута Алварез со прекрасен погодок израмни на 1-1. Тоа беше резултатот по првото полувреме.

По десет минути игра во вториот дел Брахим Дијаз изведе една мајсторија на мал простор и даде гол за ново водство на Реал Мадрид, овојпат од 2-1.

Ова беше и конечниот резултат на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани