Реал има план А и план Б за настап на трансфер пазарот, првиот е евтин, вториот е луксузен

by
1 минути читање

„Кралевите“ се
подготвуваат за реконструкција на тимот по крајот на сезоната и се очекува
Флорентино Перез да го одврзи ќесето. Неодамна Л’Екип најави дека фудбалска
европа ќе се тресе со оглед на тоа дека Реал ќе има 500 милиони евра за трошење
и тоа за играчи како Килијан Мбапе, Еден Азар и Пол Погба.

Сепак, „Ел
конфиденсиал“ вели дека ваквата сума е само сон и открива дека лидерите на Реал
имаат разрабоено два плана за настап на трансфер пазарот.

Првиот се води
како евтин, додека пак вториот е луксузен и покрај тоа што во него нема имиња
како Нејмар и Мбапе, кои редовно се поврзуваат со рекорден трансфер на
„Бернабеу“.

Весникот
објаснува дека првиот план, оној ефтион, опфаќа ангажман на тројца фудбалер:
Еден Азар, Лука Јовиќ и Адриен Рабио. За негова реализација ќе бидат потребни
помалку од 200 милиони евра.

Вториот план пак
подразбира трошење и до 300 милиони евра и ангажман на Пол Погба од Манчестер
јунајтед и Садио Мане од Ливерпул.

„Ел конфиденсиал“
додава дека клубовите и агентите чекаат Реал Мадрид да почне да влече потези
бидејќи на сите им е јасно дека мора да се случи реконструкција на тмот. Но Флорентино
Перез и неговите соработници се прилично внимателни и не сакаат да избрзуваат или да направат грешки бидејќи ќе бидат одвоени големи средства, не само за
обештетување туку и за плати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×