Фудбалерите на Реал Мадрид се радуваа на победа на гостувањето кај Алавес (0-1) во рамките на 31. коло на Ла Лига, иако половина полувреме играше со човек помалку.
Средбата тргна со поништен гол на Раул Асенцио поради прекршок. Стигнаа „кралевите“ до предност со голот на Едуардо Камавинга во 34. минута по асистенција од Валверде.
Следуваше голема глупост на Килиан Мбапе, бидејќи во 38. минута францускиот напаѓач „поцрвене“. Мбапе удри противник директно во нога, па судијата Сото Градо по ВАР проверка му покажа директен црвен картон.
Во вториот дел во 70. минута силите на теренот се израмнија бидејќи Санчез исто така беше исклучен. Тоа му ја олесни мисијата на Реал за да впише дваесетта победа и да се одржи на четири бода зад водечката Барселона.