Реал и Барса во војна за тинејџер од Порто

by
2 минути читање

17 годишниот
Диого Далот е новиот вондеркид кој го привлекува вниманието на гигантите од
Шпанија.

Според пишувањата
на АС, Реал Мадрид веќе остварил контакт со агентите на младиот Португалец.

Но „Каталонците“
се тие кои го направиле првиот конректен чекор, весникот вели дека Барселона доставила
понуда до Порто вредна 10 милиони евра.

Сепак оваа сума
била недоволна, тинејџерот има откупна клаузула вредна 20 милиони евра.

Диого Далот е
десен бек, главен адут му се физичките карактеристики и многу е понапреден од
своите врсници.

Минатата година,
во пролетта тој настапувал на Европското првенство за играчи до 17 години, а потоа
во летото настапил и на Европското првенство за играчи до 19 години.

Реал Мадрид има и
скриен адут во битката за потписот на Диого Далот, а тоа е Кристијано Роналдо,
кој е идол на младиот Португалец.

„Се сретнав со
најдобриот на сите времиња и мојот идол. Ми се оствари сонот
– напиша Далот на Твитер откако
минатата година имаше прилика да го запознае ЦР7.

Некои скаути предвидуваат
дека Диого Далот би можел да стане и новиот Кристијано Роналдо доколку во
иднина игра поофанзивно и успеа да се адаптира на десната крилна позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани