Реал го пронајде „виновникот“ за бројните повреди!

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид сезонава се соочува со голем број повреди во тимот, а дури 23 фудбалери во еден период пријавиле различни проблеми.

Поради ова, во клубот била покрената истрага за да се утврди причината за честите повреди кај играчите.

Според шпанските медиуми, една од главните причини може да биде тревникот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Модерниот систем на стадионот овозможува теренот да се повлекува во подземни комори за да може арената да биде домаќин на концерти и други настани.

Теренот е поделен на повеќе сегменти кои се спуштаат под земја, а токму на местата каде што се спојуваат сегментите наводно се појавуваат разлики во структурата на тревникот. Токму тоа се сомневаат дека може да има влијание врз повредите на играчите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×