Реал го пронајде „новиот Крос“ во Лас Палмас, купува 16-годишен Швеѓанец

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид продолжува со инвестирање во млади таленти – најново засилување на „кралевите“ е шведскиот У-16 репрезентативец Леон Вестин, кој пристигнува од младинскиот погон на Лас Палмас.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, тинејџерот веќе добива споредби со легендарниот Тони Крос, а покрај тоа што игра како централен играч за врска, може да покрие и дефанзивни позиции, па дури и да заигра во нападот. Засега не е познато дали ќе биде пратен во Реал Мадрид Ц или ќе се приклучи на вториот тим, Кастилја, каде што тренер е клупската легенда Раул.

Според „АС“, Вестин е интелигентен и поливалентен фудбалер со силен удар, одлична левица и способност да се пробие до противничкиот гол. Швеѓанецот, иако роден на Гран Канарија каде што неговите родители се преселиле, веќе има три настапи за младата репрезентација на Шведска.

Во Реал гледаат потенцијал за иднина, а Вестин би можел да стане новото звучно име кое ќе израсне во нивниот развоен систем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×