168
Реал Мадрид вчера со два гола од пенал го победи Марсеј со 2-1, особено врева се крена при вториот пенал кој беше сомнително досуден.
Тоа беше и рекорден пенал. Од формирањето на Лигата на шампионите, односно од 1992 година, Реал Мадрид добил 63 пенали во ова натпреварување, тоа е еден повеќе од Баерн Минхен кој досега го држеше рекордот.
На третото место е Барселона со 56 досудени пенали за нив, а далеку назад се Манчестер Сити со 37 и Арсенал со 36.
Но, првото место на Реал Мадрид и не треба да е чудно затоа што тоа е тимот со најмногу освоени трофеи во Лигата на шампионите, што значи дека има одиграно и најмногу натпревари.