135
Реал Мадрид успешно ја заврши мисијата за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, сега се фокусира на домашното првенство, а таму има проблем.
На листата на повредени фудбалери се придодаде и Тибо Куртоа. Голманот поради повреда мораше да биде заменет на полувремето од вчерашниот меч против Сити, натпреварот го продолжи Лунин.
Во недела Реал Мадрид е домаќин на Атлетико Мадрид во големото градско дерби, а прогнозите се дека Куртоа поради повредата нема да брани на овој натпревар.
Тоа е удар за Реал Мадрид кој ионака има голема листа на повредени фудбалери.