Реал го победи Атлетико во тензичен меч во Џеда и закажа финале против Барса (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Реал Мадрид со 2-1 ја доби пресметката против градскиот ривал Атлетико Мадрид во Џеда, „кралевите“ закажаа пресметка против Барселона за трофејот во Суперкупот на Шпанија.

Во Саудиска Арабија ќе се игра ново „Ел Класико“, Барселона и Реал Мадрид ќе се сретнат во финалето на Суперкупот на Шпанија.

„Кралевите“ вечерва со 2-1 го совладаа Атлетико Мадрид и закажаа пресметка против лутиот ривал.

Валверде го отвори резултатот веќе во втората минута, Уругваецот испука проектил од слободен удар за водство од 1-0.

По десет минути игра во второто полувреме, Родриго зголеми на 2-0, но Сорлот веднаш одговори и намали на 2-1.

Атлетико потоа силно притисна за изедначување, но недостасуваше завршница, па момците на Чаби Алонсо се радуваа на победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×