„Реал е за играчи во врвот на кариерата, јас сум…“ – Мбапе се огласи за трансфер на Бернабеу

by
2 минути читање

18 годишниот
напаѓач е во центарот на вниманието поради одличните игри за клубот од малото
кнежество оваа сезона.

Гигантите од
Европа се спремни да одвојат мало богатство и се говори дека Манчестер јунајтед
веќе добил негативен одговор за понуда вредна 110 милиони евра.

Реал Мадрид се
посочува како уште еден сериозен кандидат за потписот на Килијан Мбапе, и
играчот сега проговори за можен трансфер на Сантијаго Бернабеу.

„Во моментов сум
дел од Монако
– вели Французинот.
„Заедно одиме чекор по чекор
.

„Реал Мадрид е за
играчи во врвот од кариерата, и јас се уште не сум таму
.

„Имам луѓе околу
мене кои се грижат да не летам во облаци. Сакам само да играм фудбал, да
постигнувам погодоци, да победувам и да освојувам трофеи
.

„Секој фудбалер
има своја кариера
.

Со ваквите
изјави, Килијан Мбапе сугерира дека сака клуб каде ќе може да биде стандарден и ќе има голема минутажа,
па останува да се види дали по втор пат ќе го одбие големиот Реал Мадрид.

Напаѓачот во 2012
имаше прилика да стане дел од школата на „Кралевите“, но тогаш одлучи дека е
премлад за да замине од Франција и го одбра Монако.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани