Реал џабе се надеваше, Мбапе не е подготвен за Суперкупот

by 24 фудбал
1 минути читање

Килиан Мбапе сигурно нема да настапи на Суперкупот на Шпанија кој се игра од утре до недела.

Иако минатата недела беше потврдено дека францускиот напаѓач има повреда на коленото, во таборот на „кралскиот клуб“ до самиот крај постоеше надеж дека ќе успее да се опорави и да се стави на располагање за борбата за првиот трофеј сезонава. Сепак, лекарскиот тим препорача пауза од три недели, а стручниот штаб предводен од Чаби Алонсо одлучи да не презема ризик и ја отфрли можноста Мбапе да настапи во Саудиска Арабија.

По завршувањето на Суперкупот, Реал Мадрид го очекува напорен период со натпревари на секои три дена, па Алонсо процени дека Мбапе ќе биде далеку покорисен во продолжението од првенството и во Лигата на шампионите, отколку на турнирот каде в четврток тимот го очекува дерби со Атлетико Мадрид.

Во отсуство на француската ѕвезда, речиси сигурно е дека шанса во нападот ќе добие младиот Гонзало Гарсија, кој во последното коло блесна со хет трик против Бетис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×