По триумфот во Скопје над Манчестер јунајтед, Реал Мадрид славеше и против Барселона.
Вечерва во првиот натпревар од Суперкупот на Шпанија, „Кралевите“ победија со 1-3.
Откако мрежите мируваа во првиот дел, во продолжението од средбата паднаа дури четири погодока.
Серијата започна со автоголот на Пике во 50. минута.
Потоа следуваше контроверзен пенал врз Суарез, а Лео Меси погоди од белата точка за 1-1.
Но гостите се вратија во прeдност три минути подоцнa. Роналдо биеше неодбранливо од врвот на шеснаесетникот за 1-2 во 80 минута.
120 секунди подоцна ЦР7 беше исклучен, за симулирање доби втор жолт картон и беше испратен во соблекувална.
Но и со играч помалку, Реал стигна до 1-3. Во 90. минута, Асенсио постигна евргол за голема радост на „Кралевите“.