Крилниот фудбалер на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле вчера во Париз за првпат во кариерата ја освои „Златната топка“, а оваа година Винисиус Жуниор кој минатата беше во најтесна конкуренција беше подоле на листата.
Винисиус во конечниот список заврши како 16-ти фудбалер во светот, а тоа го искористија во Бетис од каде што го потсетија на неговите зборови минатата година.
Кога Родри минатата година ја доби „Златната топка“ пред Винисиус, Бразилецот, објави:
„Ќе го направам тоа, десет пати ако треба. Тие не се подготвени“, гласеше пораката на асот на Реал Мадрид.
Потсетувајќи на неговата фраза Бетис по церемонијата во објаваа дека Дембеле е освојувачот додаде текст:
„Админот ќе го направи тоа десет пати ако треба, тие не се подготвени“,
Admin farei 10x se for preciso. Eles não estão preparados. https://t.co/13ExMUDYD6
— Real Betis Balompié (@RealBetis_en) September 22, 2025