67
Пресконференцијата која вчера ја одржа Жерард Пике не промени ништо, фудбалерот на Барселона попладнево доби свирежи а се скандираше и „Оди си“.
Околу 100 навивачи ја пречекаа „Црвената Фурија“ во Аликанте, каде Шпанија ќе ги одмери силите со Албанија.
И додека останатите играчи беа поздравени со аплауз, Жерард Пике доби свирежи, а фановите му дофрлаа и „Оди си“.
Очигледно неговата пресконференција од вчера не ги промени работите, фановите и понатаму сакаат дефанзивецот на Барса да го напушти националниот тим.