ПСЖ со
синоќешната победа од 2-0 над Нант се одвои од Олимпик Марсеј на пет бода и се
зацврсти на првото место, притоа има и меч помалку во однос на својот ривал кој
игра во феноменална форма.
Одличен меч одиграа
големите ѕвезди на ПСЖ, Мбапе и Нејмар, кои воедно ги постигнаа обата погодоци,
особено добар беше воведниот гол на Мбапе, а бележиме и една доста контроверзна
реакција на Нејмар откако погоди од белата точка.
Бразилецот во
завршницата од пресметката во Париз имаше можност да погоди од пенал, успеа во
таа намера, а потоа во прославата на голот гестикулираше со тоа што сакаше да
ги замолчи критичарите, веројатно дел од неговата гестикулација се мислеше и на
секцијата фанови на ПСЖ кои упатуваат свирежи кон него, поради турбулентниот
период во летото кога сакаше да си замине од клубот…
class="twitter-tweet" data-lang="en">