Менаџерот на Манчестер Сити не беше многу среќен кога слушна кој ќе го суди реваншот против Ливерпул во Лигата на шампионите, и стратегот сигурно ќе има што да каже за начинот на кој судијата ја делеше правдата откако „Граѓаните“ доживеаја елиминација.
Сити одлично го отвори натпреварот, поведе со 1-0 веќе во втората минута, а пред крајот на првиот дел и по втор пат ја затресе мрежата на „Црвените“. Сепак овој гол беше поништен, одлука која беше погрешна. Од повторените снимки убаво се гледа дека нема ниту прекршок над голманот Клариус, ниту пак офсајд на Сане со оглед на тоа дека Милнер налета на одбената топка.
По крајот на првите 45 минути, Гвардиола истрча на теренот да ги прибер своите играчи кои делеа своја псравда со Лахоз, но срцето не му дозволи да премолчи па и тој влезе во расправија со својот сонародник. Пеп жестоко реагираше, покрај зборовите имаше и неколку гестикулации, па беше исклучен и второто полувреме го проследи од ложата на Етихад. Очекуваме медуиумите од Шпанија и Англија да излезат со точната верзија на инцидентот и што му кажал Гвардиола на Лахоз.
Safe to say that #Pep Guardiola was extremely unhappy with the officiating in the 1st half of #MCILIV…..he was having quite a go at the referee as they walked off for half-time….#MCFC #ManCity #cityvlfc #UCL pic.twitter.com/RRBdtuvt3s
— Jason Foster (@JogaBonito_USA) April 10, 2018