Војната помеѓу
Лео Меси и Ерик Абидал ги врати гласините за заминување на Аргентинецот од Камп
Ноу. Напаѓачот има опција да ја прекине соработката со „каталонците“ и како
слободен играч летоска да замине од Барселона.
Се шпекулира дека
пет клуба се подготвени да достават понуда, а Манчестер Сити беше посочен како главен
фаворит. Па на денешната прес конференција на Пеп Гвардиола беше неизбежно
прашањето какви се шансите Лео Меси да пристигне на Етихад.
„Меси игра за
Барселона и ќе остане таму. Тоа е мојата желба, да остане во Барселона“ –
порача тренерот на „граѓаните“.
Запрашан дали има
шанси Аргентинецот да ја напушти Барселона за друг клуб во Европа, Шпанецот
додаде: „Мислам дека ќе ја заврши кариерата таму“.