Реакцијата на фановите на ПСВ кога дознаа дека Ајакс примил гол во 99. минута! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Во холандското првенство се случува вистинска драма, голема е веројатноста Ајакс вчера да ја загуби титулата бидејќи во претпоследното коло го загуби првото место на табелата, сега ПСВ е во пол позиција.

Пред неколку кола Ајакс беше убедливо прв на табелата и ретко кој можеше да поверува дека нема да останат таму до крајот на сезоната. Но на последните четири натпревари гигантот од Амстердам нема ниту една победа, два порази и две нерешени.

Посебна приказна беше вчерашниот меч кога примија гол во 99. минута од Гронингем за 2-2.

Вчера сите мечеви во Холандија се играа во исто време, па беше интересно. Прво заврши дуелот на ПСВ кој со убедливи 4-1 го победи Хераклас.

По тој дуел дел од фановите на ПСВ останаа на трибините и на своите мобилни телефони го следеа мечот меѓу Ајакс и Гронингем, на теренот беа и фудбалерите.

Кога Ајакс прими гол во 99. минута, настана општо славје на трибините на на стадионот во Ајндховен.

Сега ПСВ е прв со 76 бодови, Ајакс има 75. Во последното коло ПСВ е гостин на Спарта Ротердам, а Ајакс го пречекува Твенте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×