Репрезентативецот на „Црвената Фурија“ стана првиот играч кој забележа 10
или повеќе асистенции во шест сезона во Премиерлигата.
Сеск Фабрегас вечерва имаше две додавања за гол на дуелот со Мидлзбро, но една
асистенција нема да му се брои, или поточно онаа за водечкиот гол на Диего Коста.
Шпанецот остана прилично разочаран кога новинарот на Скај Спортс го извести
за ова.
„Каков рекорд, 11
натпревари како стартер и 10 асистенции” – рече новинарот пред да биде прекинат од Сеск Фабрегас.
„11 асистенции” – му порача фудбалерот на Челси.
„Едната
асистенција не ти се брои, Фабио ја допре топката. Тоа се лошите вести” – гласеше објаснувањето на
новинарот.
„Што? Нема шанси.
Тоа додавање беше наменето за Коста” – одговори зачудениот Фабрегас со насмевка на лицето.
„И ние се
сложуваме со тебе, но такви се правилата, ние не ги измисливме”.
WATCH: @DavidJonesSky tells @cesc4official his assist tonight had been taken off him! https://t.co/i6Ojr54q9P https://t.co/LL5gklQOVB
— Sky Sports MNF (@SkySportsMNF) May 8, 2017