Реакција на Преспа: Тренерот на Шкендија пет пати влезе на терен – не сакаме помислиме што ќе се случуваше ако домаќинот не победеше!

by Стефан
1 минути читање

Вчера почна вториот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига, по кое веднаш има и реакции на незадоволни.

Преку социјалните мрежи се огласи екипата на Преспа која потенцира на неспортските работи ќе се случувале во Сингелиќ на натпреварот со Шкендија Арачиново, иако дуелот се игра без публика поради суспензија на теренот.

Во продолжение соопштението од Преспа

„ФК ПРЕСПА – секогаш и секаде игра спортски и фер, сите утакмици одиграни на домашен терен беа фер и коректни без никаков проблем.

Меѓу другите и со вчерашниот противник кој од Ресен си замина со победа од 0-3.
Сосема заслужено.

Меѓутоа она што се случуваше вчера во последните десет минути при резултат 1-1 е тема за анализа на луѓето од федерација. Не сакаме да помислиме што би се десило ако резултатот останеше таков до крајот.

Крајно сме разочарани, посебно од тренерот на домашната екипа Љупчо Марковски – Калц кој пет пати влезе на терен без никаква санкција од официјалните лица. Наш играч паднат на терен, наместо спортски да ја исфрлат топката во аут, тој ги советува да продолжат да играат.

Во последните минути од утакмицата на клупата на домаќините од никаде се појавија многу лица кои немаа никакви обележја на себе, а за четвртиот судија важно било што гостите немале исти такви.

И на крај, како може во пропозициите за настапите на екипите во 2МФЛ да постои член каде точно е наведено од каде и како треба да се снимаат утакмиците? Како се дозволува да се снимаат од земја? Како да процениме неколку спорни ситуации со тој начин на снимање?

ФК ПРЕСПА ќе продолжи спортски да се бори до крај.
Сме постоеле и ќе постоиме уште толку, 107 години традиција, верност и љубов кон клубот ќе продолжат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×