Барселона викендов славеше домашна победа од 2-0 над
Малага во деветтото коло од Примера, а мечот на „Камп Ноу“ мина низ достаконтроверзна ситуација од која гостите на големо се пожалија.
Сепак, камерите уловија две реакции во домашниот табор од средбата, а во истите во фокусот на вниманието се најдоа Иван Ракитиќ и
Лионел Меси.
Очигледно дека Меси не беше задоволен од начинот на
градењето на акциите на Хрватот кој наместо да додава напред кон Аргентинецот,
тој се одлучуваше на успорување во акциите, па еве ги реакциите на првата
ѕвезда на Барселона во тие ситуации…
Ова не е прва ваква ситуација помеѓу Ракитиќ и Меси, истото се случи и на гостувањето кај Гирона, каде Каталонците славеа со 0-3.