Лидс славеше домашна победа од 3-2 пред својата публика
над Ипсвич во деветтото коло од англиската Чемпионшиплига.
Нашиот 25 годишен репрезентативец, офанзивецот Езгјан
Алиоски го одигра целиот меч кај домаќините, а локалните медиуми во Лидс се
двоумат по прашањето дали популарниот „Џани“ имал скромен учинок, а додатно
пишуваат и за статистиката на Македонецот во која има три обиди кон
противничкиот гол, истите вон рамките на целта.
Во Англија е поинаку, притисокот врз фудбалерите кога
станува збор за мислењето на фановите е огромен, па така и Алиоски ќе треба да
се справува со сите реакции на навивачите на Лидс, кои имаа свои реакции на
изданието на македонскиот интернационалец во победата против Ипсвич.
Од реакциите, некои фанови на славниот англиски клуб
сметаат дека нашиот фудбалер има проблеми во играњето на „Еланд Роуд“, арената
на која настапува Лидс на домашен терен, некои пак сметаат дека нашиот фудбалер
предолго ја чува топката крај себе, мора да се ослободува побрзо, некои пак го
сместија Алиоски на клупата, сметајќи дека нему му е потребен одмор.
Инаку, по девет одиграни кола Лидс е на делба на врвот од
Чемпионшиплигата со 20 бодови, исто колку што имаат и Вулверхемптон и Кардиф.
Извор: hitc.com