РБ Лајпциг ги промовираше новите дресови, фановите на Ливерпул најмногу се израдуваа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јирген Клоп сака ова лето да го донесе Наби Кеита од РБ Лајпциг и „Црвените“ се спремни одново да го срушат сопствениот рекорд и да платат преку 60 милиони евра за ангажман на 22 годишниот фудбалер од средниот ред.

Самиот играч сака да замине, но РБ Лајпциг не сака да се раздели со репрезентативецот на Гвинеја, и до овој момент одолева на сите понуди.

Но откако вицешампионот на Германија денеска ги промовираше новите дресови, кај навивачите на Ливерпул се влева надеж дека желбата на Јирген Клоп ќе биде остварена.

Во промотивното видео на РБ Лајпциг има шест фудбалери, но помеѓу нив не е Наби Кеита.

Оваа вест ги израдува фановите на клубот од Енфилд, кои веруваат дека ова е знак за разделба на играчот со „Биковите“.

Во меѓувреме Ливерпул Ехо пренесува дека Наби Кеита денеска ќе има средба со лидерите на клубот на која ќе се разговара за неговата иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани