РБ Лајпциг донесе замена за Олмо и остана во голем плус

by bojan
1 минути читање
Нуса

РБ Лајпциг попладнево го потврди трансферот на Антонио Нуса од Клуб Бриж, талентираниот Норвежанец треба да биде замена за Дани Олмо.

„Биковите“ го промовираа 19 годишниот Антонио Нуса како ново засилување за офанзивата.

Норвежанецот, кој важи за еден од најталентираните фудбалери во Европа во својата генерација, треба да биде замената за Дани Олмо.

Од целата зделка, РБ Лајпциг ќе биде во голем плус. Го продадоа Дани Олмо за 55 милиони евра, плус додатни 7 милиони евра во бонуси, а го купуваат Антонио Нуса за 21 милион евра, плус бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани