92
Филипе Кутињо
превзема драстичен чекор за да изнуди преселба на Камп Ноу.
Бразилецот
минатата недела достави формално барање за трансфер, но од Ливерпул му порачаа
дека нивниот став останува ист и тие нема да прифатат ниту една понуда.
Но играчот не
сака да ја пропушти шансата за трансфер во Барселона, па е подготвен да
штрајкува.
Последните информации
од „Островото“ велат дека Филипе Кутињо разговарал со Јирген Клоп и го известил
дека никогаш повеќе нема да игра за Ливерпул.
Тој нема намера
одново да го облече дресот на „Црвените“ и цела сезона ќе ја преседи на
трибина, па макар тоа да значи и дека ќе го пропушти Светското првенство во
Русија следната година.