Едиз Спахиу беше промовиран во нов фудбалер на Вардар пред неколку денови преку Фејсбук страницата на клубот.
Сепак, сега демант за оваа информација стигна од веб-сајтот. Тие споделија информација дека потпис на договор сè уште нема.
„АД ФК Вардар сака да ја демантира неточната вест пласирана низ спортски портали, а преземена од неофицијални фејсбук фан страници. Имено, фудбалерот Едиз Спахиу сè уште нема потпишано договор со нашиот клуб, иако преговорите траат. Тој е во потрага по ангажман во странство.
Клаузулите во неговите документи даваат простор да си најде трансфер заклучно со 20-ти јануари оваа година. Дали потоа ќе најде заеднички јазик со ФК Вардар, е работа за која фудбалската јавност навремено ќе биде информирана преку оваа веб страна“, напишаа на страницата.
Според веб-сајтот Спахиу има опција и разгледува можност да заигра во странство. Доколку тоа не се случи до 20 јануари потоа ќе се види дали ќе падне договор со Вардар.
Спахиу играше солидно во редовите на Тиквеш минатата полусезона и даде четири гола.