Растодер: Имавме свои можности во првиот дел, а потоа…

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонската репрезентација доживеа тежок пораз од Данска со 4-0 и го заврши настапот во баражот за Светското првенство. По солидното прво полувреме, избраниците на Гоце Седлоски целосно потфрлија во продолжението и примија четири гола, со што останаа без шанса за пласман во финалето.

По натпреварот во Копенхаген, своја анализа даде напаѓачот Елмин Растодер, кој посочи дека клучниот пад се случил по првиот примен гол.

На теренот секогаш е тешко. Во првото полувреме имавме свои можности, но по 0-1, имавме еден момент што е ментална приказна. Десет минути, три гола… Жал ни е, сите тука сакавме да победиме и да направиме резултат. Имавме добро прво полувреме, но во вториот дел не знам што се случи. Многу лесно се случи некаков друг резултат“, изјави Растодер.

Македонија ќе има можност за поправен впечаток во пријателскиот натпревар против Ирска, која исто така беше елиминирана во баражот, откако загуби од Чешка по изведување пенали.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×