Растодер блеска, Тун гази кон титула!

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер продолжува да блеска во швајцарската елита и повторно го запиша своето име во листата на стрелците. Напаѓачот го постигна својот десетти погодок сезонава во дресот на Тун, потврдувајќи дека се наоѓа во извонредна форма.

Лидерот на табелата славеше сигурна победа од 0-3 на гостувањето кај Винтертур, а Растодер беше стрелец на вториот гол во 59. минута, со што практично го трасираше патот кон нови три бода.

Со овој триумф Тун стигна до 61 бод и направи огромна разлика во однос на првиот конкурент Сент Гален, кој заостанува дури 14 поени во пресрет на плеј-оф фазата.

Сѐ поизвесно е дека шампионскиот трофеј ќе заврши во рацете на тимот на Растодер, кој со својата голгетерска серија се наметнува како еден од клучните играчи во трката за титулата и меѓу најдобрите стрелци во првенството.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×