424
Новиот премиерлигаш, Фулам го посакува Барди во својот тим, тие веќе испратиле понуда од 11 милиони фунти.
Најверојатно оваа понуда веднаш ќе биде одбиена од Леванте, бидејќи нивниот став е дека нема да прифатат сума помала од 25 милиони евра.
Претходно се шпекулираше дека Арсенал е заинтересиран за Барди и е подготвен да понуди околу 20 милиони евра.
Леванте од продажбата на Барди секако ќе направи профит бидејќи го купи од Ујпешт за само 1,5 милиони евра. Тој во договорот со шпанскиот клуб има откупна клаузула од 50 милиони евра.