Расте бројот на
клубови во Премиерлигата кои се на ставот дека актуелната сезона треба да биде
поништена, и покрај фактот што се постигна согласност да се продолжи сезоната,
иако постои голема дилема околу тоа колку е веројатно да се оствари со оглед на
моменталната ситуација со коронавирусот.
Сите фудбалски
возбудувања на Островот се суспендирани до 30 април, а јасно е дека фудбалот
настрана пред се’ од
финансиска гледна точка, сега, како што објави „Атлетик“, повеќе клубови во
англискиот фудбал веруваат дека нема место за спортот во вакви моменти.
Ливерпул е
најчесто поставуваната тема, во поглед на титулата во Премиерлигата за која да
ја освојат им се потребни уште само две победи, а доколку успејат во таа намера
ќе ја освојат титулата по пауза од цели 30 години.
Поништувањето на
сезоната, што би било потребна согласност од 14 од вкупно 20те Премиерлигаши би
ги срушило надежите на „Редсите“ за нивното долгогодишно чекање на титулата.
Еден претставник
од фудбалските власти на Островот, индиректно најави што ќе се случи по
прашањето за тоа дали сезоната би продолжила: „Очигледно е дека се’ е јасно по прашањето што ќе се случи, во моментов
имаме пандемија на светско ниво“.
„Едноставно е,
треба да почнеме со нова сезона, а ќе имаме секако и неколку губитници во едно
такво сценарио, Ливерпул, знам, но во поглед на актуелните случувања, искрено,
од моја гледна точка тоа воопшто не е важно, едноставно треба да почнеме одново“
додава тој.
„Овој вирус ќе
донесе уште поголеми последици тука (во Велика Британија), не се работи за
прашањето дали фудбалерите ќе се вратат на тренинзите, доколку сите останеме во
своите домови и да се самоизолираме за идните два-три месеци, ние ќе го
пребродиме успешно сево ова“ подвлекува тој.
Во најсилниот
фудбалски шампионат на Островот последен меч се одигра на 9 март, поточно мечот
кој Лестер го доби против Астон Вила со убедливи 4-0, а првата пресметка која
беше одложена беше онаа помеѓу Манчестер Сити и Арсенал два дена подоцна, а
целата лига беше одложена на 13 март откако шефот на стручниот штаб на „Топчиите“,
Микел Артета беше позитивен на коронавирусот, по што следеше и ист таков случај
со фудбалерот на Челси, Калум Хадсон-Одои.
За крај, кога сме
веќе кај случувањата на Островот од фудбалски агол, вреди да потсетиме на изјавата
на првиот човек на ФА, Грег Кларк кој наведе дека не верува дека актуелната
сезона би се комплетирала во една ваква ситуација со коронавирусот, а
претходно, потпретседателката на Вест Хем, Карен Бреди повика сезоната да се
поништи.