Рашфорд пред Влаховиќ, Турам и Тринкао во Лигата на шампионите

by Стефан
1 минути читање

Маркус Рашфорд го однесе признанието за најдобар играч на колото во Лигата на шампионите по одличниот настап против Њукасл, каде што со два погодоци ја донесе победата на Барселона со 2-1.

Англискиот напаѓач, кој има 27 години, беше клучниот човек во тимот на Ханси Флик, а со тоа ги остави зад себе: Душан Влаховиќ од Јувентус, Маркус Турам од Интер и поранешниот член на Барса, Франсиско Тринкао кои исто така беа во конкуренција за наградата.

Интересно е што сите конкуренти во своите настапи исто така постигнаа по два гола, но сепак на крајот напаѓачот на каталонскиот гигант беше победникот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×