Новинарот на Тајмс, Мартин Самуел не ја отфрла можноста Маркус Рашфорд да направи големо предавство и да се пресели во лутиот ривал Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е голем фан на играта на напаѓачот.
Изминатиов период има многу гласини за можноста Маркус Рашфорд да го напушти Манчестер јунајтед, и самиот напаѓач потврди дека е подготвен за нов предизвик.
Саудиска Арабија се посочуваше како можна дестинација откако Барселона и ПСЖ се пишманиле по драстичниот пад во формата на напаѓачот, како и неговата висока плата (околу 350.000 фунти неделно).
Но новинарот на Тајмс, Мартин Самуел посочува и друга опција – Маркус Рашфорд да направи големо предавство и да се пресели во лутиот ривал Манчестер Сити.
Тој открива дека Пеп Гвардиола е голем фан на играта на напаѓачот, и приватно на блиску луѓе им се има доверено дека Маркус Рашфорд е единствениот фудбалер кој би го ангажирал од Манчестер Сити.
„Граѓаните“ исто така се тенки во офанзивата откако му дозволија на Хулијан Алварез да се пресели во Атлетико Мадрид.
Трансфер на Маркус Рашфорд во Манчестер Сити сигурно ќе биде голем шок и ќе ги разгневи навивачите, Англичанецот е дете на Манчестер јунајтед, ги помина сите категории пред да дебитира во првиот тим.