154
Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Маркус Рашфорд е подготвен да прифати намалување на платата, како и да се откаже од одредени бонуси за да остане на Камп Ноу.
„Каталонците“ имаат опција во целост да го купат Маркус Рашфорд за 30 милиони евра, но зделката не е едноставна поради финансиските проблеми на клубот од Камп Ноу.
Последните информации велат дека Англичанецот е подготвен на направи „двојно“ жртвување за да остане во Барселона.
Напаѓачот ќе прифати помала плата, плус ќе се откаже и од одредени бонуси, и на овој начин ќе помогне за реализирање на зделката.